Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 20 возачи во Охрид и 14 во Струга кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Охрид, 9. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми декември 2023 година, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач, коишто управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 20 во Охрид, 14 во Струга, 43 во Кичево и 4 во Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука