Охрид, 10. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег.
Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.
– Од утре до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде што ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Од четврток попладне се очекува влажен бран со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 24