Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Охрид се здобило со повреда од куршум во потколеницата во атарот на селото Свињишта

Охрид, 10. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти декември 2023 година, во 17:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Горни Друм“, во атарот на охридското село Свињишта, со повреда од куршум во потколеницата се здобило 61-годишно лице од Охрид.

– Лицето било пренесено во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука