Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Викендов на теренот со вештачка трева се одржа второто издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов Куп“, на кој зедоа учество повеќе од 100 екипи од земјата и странство.
– Во име на Општина Охрид медалите и пехарите за најдобрите ги додели заменик градоначалникот Перчо Божиноски, кој им честиташе за постигнатиот успех и посака и наредната година да бидат дел од овој турнир, а на организаторите им посака наредното издание на турнирот да биде уште помасовно, информираат од охридската локална самоуправа.
Додаваат дека со организирањето на „Св. Климентовиот Куп“ се дава значаен придонес во развојот на спортот во градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27