ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид и понатаму со негативен природен прираст, во третиот квартал е – 54

Охрид, 11. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и во третиот квартал од оваа година бележи негативен природен прираст.Податоците

на Државниот завод за статистика покажуваат дека во месеците јули, август и септември се родиле 86 бебиња, а починале 140 лица, односно се бележи прираст од – 54. За споредба, во првиот квартал годинава имаше негативен прираст од -63, додека во вториот -47.

И Дебрца бележи негативен прираст, се родиле само 7 бебиња, а починале 19 лица.

Кварталниот извештај покажува негативен прираст и во соседна Струга. Регистрирани се 109 новороденчиња, а починале 125 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 155 двојки, а имало 5 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 168 бракови, а имало 15 разводи. Во Дебрца имало еден склучен брак. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука