Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Аеродромите во Охрид и Скопје во ноември опслужиле 244.719 патници и 2.006 летови

Охрид, 12. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во ноември 2023 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродромa, Меѓународниот Аеродром „Скопје“ и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 244.719 патници и 2.006 летови.

– Бројот на опслужени патници во ноември ги надмина бројките од 2022 година за 54%, додека бројот на летови во октомври 2023 е за 45% поголем од октомври во 2022 година, информираат од ТАВ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука