Охрид, 13. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е на два сантиметри над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,34 м.н.в, што е за 2 сантиметри над просекот за декември (693,32 м.н.в) и 24 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Од почетокот на месецов водостојот на езерото се движи околу оваа кота.
Температурата на водата е 9,5 степени и е за речиси 3,5 степени пониска од просечната.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР