ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Мери Бајрамовска прогласена за инфлуенсерка на годината на манифестацијата „Жени претприемачки“

Охрид, 13. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Мери Бајрамовска е прогласена за „Жена на годината“ во категоријата најпопуларна инфлуенсерка на шестото издание на манифестацијата „Жени претприемачки“ кое се одржа во „Музеј на македонската борба“ во Скопје.

На настанот се доделуваа наградите за „Жена на годината 2023“ во вкупно 10 категории.

– Ова награда ми преставува голема чест и поттик за понатамошен успех бидеќи, не е доволна само моќта на тоа што го работите, туку треба некој и да го препознае тоа. Вистински инфлуенсер живее за да пренесe вистински вредности на публиката која го следи, вели Бајрамоска за Супер радио и OhridPress.

Наградата таа ја доби во конкуренција со уште четири други дами кои се најдоа во финалниот избор.

Ова е само продолжување на нејзините успеси. Минатата година таа ја освои наградата Makeup influencer Award за постигнатите стандарди и поставувањето на највлијателните трендови во шминкањето последниве 10 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука