Струга, 14. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти декември 2023 година, во 21:00 часот, на улицата „Црни Дрим“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле 27-годишно лице од Струга.
– Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Основен суд во Струга за издржување затворска казна. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 26