Струга, 14. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти декември 2023 година, во 13:45 часот во струшкото село Лабуништа, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 26-годишно лице од селото.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 29