Струга, 14. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Две малолетнички од струшко се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопштија денеска од СВР Охрид.
Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.
– Во ОВР Струга, синоќа во 23:00 часот, 43-годишна жена од струшкото село Мороишта, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информираат од СВР Охрид.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом. (Крај)
извор: СВР Охрид/Kanal 5 фото: архива