Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Охрид на Седница одржана на 30-ти ноември 2023 година ги донесе Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2024 година.
– По однос на донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, месни и урбани заедници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица на јавна дебата по однос донесените нацрт документи, информираат од охридската локална самоуправа.
Јавната дебата ќе се одржи денеска, петок, 15-ти декември 2023 година во малата сала при Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 52