Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На „Ќафасан“ приведена млада Албанка која престојувала во Република Македонија подолго од дозволеното

Струга, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти декември 2023 година, во 16:40 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници приведоа 20-годишна девојка од Република Албанија.

– При извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека во државата таа престојувала подолго од дозволеното. Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Лабуништа“ за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука