Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Координативен состанок за подобрување на безбедноста во градот во пресрет на празниците

Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива на СВР Охрид, денеска во општина Охрид се одржа работен координативен состанок со службите на локалната самоуправа, пазарниот општински инспекторат, трудова инспекција, инспекторат за туризам, јавните претпријатија како и претставници на хотелско-угостителските објекти.

– Целта е поцелосно дефинирање на мерките и координирање на активностите со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници. На работната средба, претставниците на СВР Охрид и на службите кои вршат дејности од јавен интерес, договорија интензивни засилени мерки со цел, Новогодишните и Божиќните празници во Охрид да помиат беспрекорно и без проблеми на безбедносен план, беше договорена тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност на заедничките тимови за поефикасно делување на целото подрачје, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека, ваква координативна средба, ќе остварат и со Агенциите за обезбедување кои, согласно Законот за обезбедување имаат надлежности при физичкото обезбедување на објектите во градот со цел одговорна и доследна примена на нивните овластувања.

– Од агенциите ќе се бараат ажурирани безбедносни оперативни планови и прецизни прегледи на угостителските објекти со кои имаат склучено договори за обезбедување во текот на претстојните Новогодишни и Божиќни празници како и информации за одредени безбедносни согледувања и проблеми на терен кои можат да влијаат врз степенот на безбедноста на подрачјето, потенцираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука