Скопје/Струга, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња, 15-годишната А.С. од селото Ложани, струшко и 14-годишната Т.П. од селото Мороишта, и тие ќе бидат предадени на родителите.
– Двете девојчиња и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани, информираат од МВР.
Пред неполн месец тие биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 59