ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурна ноќ во Охрид, две сообраќајни незгоди, повредени две лица

Охрид, 17. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Две сообраќајни незгоди се случија ноќеска во Охрид, од кои во едната е повредено едно лице.

Првата се случила во 00:45 часот на булевар „Железничка“, пред ресторанот „Станица“. Неофицијално во незгодата учествувале две возила марка „Форд“ и „Мерцедес“, а според првичните информации две лица се здобиле со повреди.

Втората незгода се случила во 01:15 часот во непосредна близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, на регионалниот пат Охрид-Св. Стефан, на влез во Охрид.

Во двете незгоди е причинета поголема материјална штета.

Увидни екипи на СВР Охрид излегоа на лице место во двата случаи и се очекуваат повеќе официјални детали за настаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука