Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР: Во синоќешната сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Свети Наум повредени две лица

Охрид, 17. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти декември 2023 година, во 01:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 40-годишно лице од охридското село Велгошти, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од селото Долно Коњско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Сузуки“ и неговиот соаптник, 28-годишно лице од Охрид, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид и Општа болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука