Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Гимназијалката Јана Каралиевска меѓу 12-те најдобри на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература

Охрид, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Гимназијалката Јана Каралиевска постигна солиден резултат на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература, како единствената охридска средношколка во оваа конкуренција.

– Ученичката Јана Каралиевска (III-1) од ОСУ „Свети Климент Охридски“ освои благодарница за постигнатиот солиден резултат под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа беше во 12-те најдобри средношколци од цела Македонија освојувајќи 65 поени од вкупно 100 во многу силна конкуренција, како единствен преставник од средните училишта од Охрид со обезбедено учество и натпреварувајќи се во знаење што претставува навистина голем успех со кој се гордееме како Гимназија, информираат од ОСУ „Свети Климент Охридски“.

Додаваат дека специфично за овој Државен натпревар било тоа што учениците се натпреваруваа на наставен материјал од нивната претходна учебна година што му дава посебна тежина на обезбеденото учество и постигнатите резултати.

– Продолжуваме континуирано во просветителска мисија со знаење за зачувување на македонскиот јазик, потенцираат од ОСУ „Свети Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука