Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска крводарителска акција „Донирај крв, донирај живот“ на ФТУ

Охрид, 20. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид, денеска, ќе се одржи крводарителска акција „Донирај крв, донирај живот“.

– Искористете го овој „Радосен декември“, месецот на дарување, да ја искажете својата хуманост како дел од крводарителската акција која под мотото „Донирај крв, донирај живот“, ќе се реализира во среда, на 20-ти декември 2023 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.

Ги покануваат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука