Струга, 20. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 57-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– При преглед извршен на улицата „Партизанска“ во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри, за кој немал соодветна документација, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 35