Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш вечерва повторно пред охриѓани

Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Општина Охрид повторно ќе биде прикажан филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш, во организација на Коалицијата за заштита на децата и Фондацијата „Елеуса“.

Филмот е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува една многу современа, сериозна и значајна тема – што е тоа жена, како се дефинира жената, дали личните чувства можат да бидат над реалните биолошки факти, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж. Во филмот прикажани се повеќе интервјуа со најразлични лица како професори, доктори, психијатри, психолози и слично, кои кажуваат едно свое видување на прашањето „Што е тоа жена?“.

Влезот за сите посетители ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука