Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓани своите сметки кон јавните претпријатија можат да ги плаќаат преку платформата Е-Даноци

Охрид, 21. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денес сите граѓани имаат можност своите сметки кон охридските јавни претпријатија да ги плаќаат од едно место, преку платформата Е-Даноци (edanoci.ohrid.gov.mk).

– Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните претпријатија е наша цел кон која работиме и се стремиме. До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, информираше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука