Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва ќе биде отворена изложбата на необјавени портрети на македонски револуционери

Охрид, 18. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Општина Охрид, во Спомен- куќата на Христо Узунов, вечерва со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата Лица на револуцијата: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери односно, Лица на револуцијата.

Изложбата се отвора во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација,

– „Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии, 1893-1934“ е изложба која одбележува и три јубилеи: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација. Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука