Охрид, 22. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од селото Велмеј, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
– Пријавениот, директор на ЈП „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Галичица“ Охрид, во текот на 2023 година не извршил надзор и контрола во сметководствената документација помеѓу извештајот за извршен превоз и направени трошоци за возила, како и врз евиденцијата за точено гориво со пристигнатите фактури. Со тоа тој го оштетил ЈП „Национални шуми“ за износ од 1.079.689 денари, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 170