Верниците од католичка вероисповед го прославуват Бадник, во пресрет на Божик
декември 24, 2023

Охрид, 24. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од католичка вероисповед денеска го прославуват Бадник, во пресрет на Божик, Денот на Христовото раѓање.

Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви (Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската) Божик го слават на 25-ти декември. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7-ми јануари.

Католичките верници традиционално за Божик приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божик не може да се замисли без присуството на членовите од семејството.

Согласно Законот за празници, утрешниот е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука