Струга, 25. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека уште неотворен, веќе е оштетен новиот пливачки базен во соседна Струга.
– Два-три дена пред големото отварање скршени прозорци со камења кои завршија во базенот, коментираат револтирани стружани.
Тие бараат да се пронајдат сторителите и апелираат да се чува заедничкото добро чие реновирање го чекаа повеќе од 20 години.
Се очекува базенот наскоро да биде свечено пуштен во употреба, со што ќе биде остварено дамнешното ветување дадено на граѓаните. Стружани ќе добијат модерен и функционален базен на местото каде долги години имаше само урнатини и купишта смет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35