Забава Избор Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Предновогодишен концерт на групата „Шармер“ пред 32 години

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Предновогодишен концерт на групата „Шармер“ пред 32 години…

Вака пејачот на познатата охридска група Љупчо Стојкоски- Лепи се сеќава на убавите години, споделувајќи ретко видео од приватната архива од нивниот настап во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

На почетокот на годинава, со реиздадена и освежена „Нова година“, охридската група „Шармер“ испратија честитка за најсреќна Нова 2023 година. Во 2021 година групата одбележа 30 години од формирањето и успешниот концерт во 1991-ва година. Тогаш го објавија и, како што велат, Back to the Future видеото за оваа песна.

Иако како бенд функционирале само неколку месеци и со измени во составот, сепак дружењето меѓу членовите останало до ден денес. Љупчо Стојкоски- Лепи во интервју за Супер радио и OhridPres се навраќа на почетоците и на концертните настапи.

– Покрај мене како пејач, во „Шармер“ членуваа Тони Јованоски на бас гитара, Никола Василески- Коки на клавијатури, Саше Фудо на тапани и Аце Шурбаноски на гитара. Извесен период свиревме и најинтерсно беше што тоа е годината кога станавме независни како држава, Република Македонија. По повод независноста се организиараше концерт во центарот за култура каде учествувавме со три песни. Потоа бендот се измени, тапанарот и гитаристот заминаа и добивме три нови членови: Борис Бакал на ритам гитара, Горан Кулезаноски на соло гитара и Перчо Трајаноски, вели Стојкоски- Лепи.

Комплетното интервју ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука