Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 36. седница

Охрид, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесе решение за свикување на 36. седница на Советот на Општина Охрид.

Со 54. точки на Дневниот ред, седницата ќе се одржи денеска, среда, 27-ми декември 2023 година со почеток во 10:00 часот во зградата на Општина Охрид.

ДНЕВЕН РЕД

Усвојување на Записникот од 35-та седница

Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Христо Узунов“ Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Св. Наум Охридски“ село Пештани Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Живко Чинго“ село Велгошти Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Ванчо Николески“ село Лескоец.
Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООМУ „Методи Патчев“ Охрид.
Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП „Водовод“ Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за усвојување на програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа и развој на ЈП Градски Пазар Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Градски Пазар“ Охрид со статус на административни службеници за 2024 година
Предлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2024 година.
Предлог-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2024-2026 година.
Предлог-програма за заштита на животната средина и природата за 2024 година.
Предлог-годишна програма за спорт и рекреација за 2024 година.
Предлог-програма за млади и невладини организации за 2024 година.
Предлог-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2024 година.
Предлог-програма за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2024 година.
Предлог-програма за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2024 година.
Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година.
Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година.
Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година.
Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 година.
Предлог-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2024 година.
Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2024-2026 година.
Предлог-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2024 година.
Предлог-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2024-2026 година.
Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во 2024 година.
Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2024 година.
Предлог-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година.
Предлог-програма урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година.
Предлог-програма за други комунални услуги за 2024 година.
Предлог-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2024 година.
Предлог-програма за јавно осветлување за 2024 година.
Предлог-програма за одржување јавна чистота за 2024 година.
Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година.
Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година.
Предлог-одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Предлог-одлука за донесување Стратегија за развој на зеленилото во општина Охрид (2023-2032).
Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар Охрид.
Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 14 во ДУП за деловно станбена зона „Запад“ Охрид.
Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 формирана во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ“ во КО Охрид 4, Општина Охрид.
Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.1 и ГП 1.2 со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија во ЛУПД за ГП 1 за лесна индустрија – Г2 на КП 134. КО Косел, Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука