Охрид, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ЈУ Национален парк „Галичица“ потпиша нов тригодишен договор со Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
– Овој договор подразбира тригодишен грант со кој нашата установа се искачува директно на врвот во нашата земја и е највреден потпишан договор во досегашното работење на jавната установа. Со овој договор можеме да гарантираме дека ќе се обезбедат подобри услови за управување и заштита на природата, подобрување на условите за туризам и еколошката едукација, велат од паркот.
Директорката на PONT Миријам де Конинг, при потпишување на договорот истакна дека од 11 заштитени подрачја што ги поддржуваат најдобри резултати покажал НП „Галичица“.
Според плановите предвидено е зголемување на зоните за строга заштита и активно управување, продолжување на проектот „Граѓанска наука“, нови летниковци, уредување на места за пикник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива