Тетово/Струга, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Тетово, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално-технички докази, целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.
Акцијата е спроведена во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар. Завчера и вчера (26-ти и 27-ми декември 2023 година) полициските службеници лишија од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18). Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22:30 часот физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552,85 килограми канабис. (Крај)
извор: МВР фото: архива