Охрид/Струга, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти и 30-ти декември 2023 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници, затекнале 4 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 3 во Охрид и 1 во Струга. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 49