Струга, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти декември 2023 година, околу 15:00 часот, во струшкото село Лабуништа приведено е 48-годишно лице од истото село.
– При преглед извршен на продажно место на пазарот во селото, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа вкупно 414 парчиња различни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 29