Избор Локална самоуправа

Театарскиот хит „Далматинко и Дедо Мраз“ ги израдува дечињата на Градскиот плоштад во Охрид

Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со впечатлива новогодишна тематика, многу весела музика и шеги, театарскиот хит за деца „Далматинко и Дедо Мраз“ денеска ги израдува дечињата и ги стопли срцата на возрасните кои беа присутни на Градскиот плоштад во Охрид.

Преку својата професионална игра, актерите Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, пренесоа прекрасни пораки за другарство, искреност и љубов.

Празничната програма за најмладите на Градскиот плоштад во Охрид продолжува и утре со музичко-театарскиот спектакл „Новогодишна детска бајка“ со почеток во 12:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука