Охрид, 30. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид како најголемиот туристички центар во Република Македонија, подготвен ги очекува домашните и странските гости кои за Нова година.
Украсен и преубав и годинава ги отвора вратите за сите вљубеници во него со организиран дочек на Градскиот плоштад.
Угостителските објекти исто така се подготвени да ги пречекаат гостите. Дел од нив веќе и почнаа да пристигнуваат. Најбројни ќе бидат туристите од соседството, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грција, Албанија и бројни се и традиционалните домашни гости. Исполнетоста во хотелите е над 80%, додека приватното сместување е речиси целосно пополнето.
За гостите е подготвена и новогодишна програма, оваа година со акцент на најмладите. Утре, на 31-ви декември на плоштадот ќе биде одржан музичко-театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“. Сите случувања што се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите започнуваат во 12:30 часот.
За забавниот дел на дочекот на новата година в недела на Градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Jana Slayy и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21:00 часот. На 1-ви јануари точно на пладне ќе настапат групата Balkan Jam и Драган Мијалкоски.
Гужвата во центарот на градот веќе укажува дека голем дел од гостите веќе уживаат во преубавиот Охрид. Тука ќе се за време на новогодишните, но и за останатите празници кои традиционално траат се’ до големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес