Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Во Новата 2024 година од сесрце ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања

Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Новата 2024 година од сесрце ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков во новогодишната порака до охриѓани.

– Драги охриѓани, нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благосостојба. Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство. Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија. Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година, порача Пецаков во пораката.

 

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука