Охрид, 1. јануари (ОХРИДПРЕС) – Со желби за многу здравје, среќа и успешна година, синоќа на Градскиот плоштад бројни посетители, охриѓани и гости од целиот свет ја дочекаа новата 2024 година, како финале на активностите за прослава на Новата година во Охрид.
За забавниот дел на дочекот на новата година се погрижија диџеите Jana Slayy и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“.
Денеска, понеделник, 1-ви јануари 2024 година, точно на пладне ќе настапат групата Balkan Jam и Драган Мијалкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Petar Paunche Skitnik
Прочитано: 56