ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денеска на свет дојдоа пет новороденчиња, шестото е на пат

Охрид, 1. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нека новата 2024 година биде плодна како што е плоден денешниот ден. На одделението за гинекологија при Општата Болница Охрид, во текот на денешниот ден на свет дојдоа пет новороденчиња, додека шестото е на пат.

– Традиционално, денеска, заедно со директорот на Општата Болница, Асен Шајн, како и дежурната екипа на гинеколошкото одделение ги посетивме сите новороденчиња и им даривме пригодни подароци. Да бидат живи, здрави и среќни деца, а родителите горди на нивната принова, додека на дежурниот тим од гинеколошкото одделение им честитам за нивниот ангажман, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука