Берлин, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на германските медиуми Фудбалскиот сојуз на Катар го сака Пеп Гвардиола како нов селектор на репрезентацијата.
Катарците сакаат шпанецот да ја предводи нивната селекција на Светското првенство кое ќе се одржи во оваа земја во 2022 година.
Гвардиола на залезот од својата фудбалска кариера играше за клубот Ал Али , а според германскиот весник “Билд” Катар планира да вложи големи финансиски средства за селекцијата да биде конкурентна против останатите на мундијалот во 2022 година. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 26