ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Левица Охрид: Продолжува узурпацијата на езерото, на плажата „Канео“ се гради на самиот брег

Охрид, 2. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На плажата „Канео“ се гради на самиот езерски брег, што е спротивно од препораките на УНЕСКО, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Никој од надлежните не излезе на терен за да ја спречи оваа дивоградба и узурпација на езерскиот брег. Левица Охрид поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Градежна инспекција и инспекција за животна средина од Охрид. Бараме од инспекциите на Општина Охрид да постапат по барањето, а против сторителот да бидат преземени сите законски мерки, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука