Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд попладне и температура до 11. степени

Охрид, 4. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота навечер, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта кон недела и во недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за појава на дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука