Струга, 4. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти јануари 2024 година, во 08:45 часот во село Лабуништа, струшко, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга и полициското одделение од струшкото село Велешта приведоа 49-годишно лице од село Лабуништа.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Струга за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 80