јануари 4, 2024

Охрид, 4. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 29 (став 1, 2 и 3) од Законот за даноците на имот („Сл. Весник на РМ“ бр. 61/04…..151/21), Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Охрид, дека најдоцна до 31 јануари 2024 година, должни се да поднесат даночна пријава (образец ДИ – линк) за утврдување на данок на имот за имотот што го стекнале или почнале да го користат во текот на годината или ако по некоја друга основа настанала даночна обврска и доколку имале промена во вредноста на имотот (изградба, доградба, надградба, утврдување на правен статус на бесправно изграден објект и сл.).Напомена:

– Даночните обврзници кои не ги подмириле своите обврски по основ на данок на имот заклучно со 2023 година (согласно чл.37 од Законот за даноците на имот) истото може да го направат и по електронски пат на следниот линк:

– Е-ЛСГ ПЛАТФОРМАТА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ВО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
– УПАТСТВО ЗА E-ДАНОЦИ

– Даночните обврзници кои од било која причина сеуште не го добиле по пошта решението за данок на имот за претходната година истото може да го подигнат од канцелариите на Одделението за даноци или на e mail: [email protected]

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука