Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на кружниот тек од улиците „ЈНА“ со „Маркс Енгелсова“ во Струга, повредена 62-годишна жена

Струга, 7. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јануари 2024 година, во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Струга, на кружниот тек од улиците „ЈНА“ со  „Маркс Енгелсова“, патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 46-годишно лице, удрило во 62-годишен пешак, двајцата од Струга.

– Во несреќата жената (пешак) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, информриаат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука