Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 7. степени

Охрид, 8. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.

– Преку денот ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен утре и кон крајот на работната недела и ова ќе предизвика значително заладување во текот на неделата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука