Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

Поради нестручно и несовесно вршење на функцијата Владата го разреши Мирко Велјаноски од функцијата државен правобранител за подрачјето на Струга

Скопје/Струга, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради нестручно и несовесно вршење на функцијата Владата го разреши Мирко Велјаноски од функцијата државен правобранител за подрачјето на Струга, соопштија попладнево од Министерството за правда.

Заедно со Велјановски, разрешен е и неговиот колега, државниот правобранител за подрачјето на Скопје, Јане Јанкуловски. Одлуката, како што се наведува во соопштението од Правда, била донесена на предлог на Државниот правобранител, односно на Министерството за правда.

– Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител, се наведува во кусото соопштение од Правда.

Велјаноски ја започнач кариерата во Општинскиот суд во Струга како приправник, каде работел од 1990 до 1992 година. Истата година се вработил во Акционерското друштво за преработка на пластични маси и производи од стаклопластика „Полипласт“ во Струга. Правосудниот испит го положил во 1996 година, по што се занимавала со адвокатура, пред да биде избран за заменик-јавен правобранител за подрачјето на Струга кон крајот на декември 2006 година. На крајот на мај 2012 година со решение на Владата е именуван за државен правобранител за подрачјето на Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука