Струга, 10. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јануари 2024 година, во 21:30 часот, во ОВР Струга приведено е 30-годишно лице од Штип.
– При преглед извршен во близина на казино, лоцирано во струшката населба „Плитишта“, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 45