Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Ковачевски – Автопатот Охрид-Кичево е готов 80 проценти, но свлечиштата ќе мора да се регулираат

Охрид, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за изјавата на премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски дека автопатот Охрид-Кичево е готов 80 проценти, но свлечиштата ќе морале да се регулираат е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

– Цели ридови беа паднати врз новоизграден автопат. Треба да се прашаат проектантите како можеле да проектираат на свлечиште кое што веднаш паѓа на автопатот, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека не е архитект, но од она што го гледал во проектот и што му покажувале стручни лица, проектот имал многу парадокси.

– Една од косините е така направена да почнува на автопатот после Кичево, а завршува во Албанија, колку високо е направен. Значи имате и такви парадокси на тој автопат, рече Ковачевски додавајќи дека автопатот е готов 80 проценти, но свлечиштата ќе мора да се регулираат, напомена премиерот Ковачевски.

Читателите на OhridPress се најблаго кажано револтирани од ваквите и слични изјави кои периодов наназад ги соопштуваат највисоките официјални лица на државата и потенцираат дека после толку години да се изјави дека делницата е готова 80%, а најголемиот дел од граѓаните секојдневно ја поминуваат и гледаат каква е реалната состојба е несериозно и потценувачки. Тие потсетуваат на огромните средства кои се потрошени и прашуваат кој ќе сноси одговорност и ќе ги врати вишоците на исплатени пари. Тие бараат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука