Охрид, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лајонс клуб Десарети веднаш по објавувањето на апелот за помош за погодените од поплавите во Источна Македонија, во текот на вчерашниот ден донираа 1,5 тон вода за потребите на жителите во поплавените подрачја, информираат од охридскиот Црвен крст.
За денес помош во освежителни пијалоци најави и компанијата „Словин Тем-Хем“. Градежното претпријатие „Ремис“ денес испраќа еден шлепер со вода за поплавените во битолскиот регион, Новаци и Могила.
До Црвен крст Охрид помош понудија и организациите на Црвен крст од Ужице и Крагујевац, Србија.
– Заинтересираните донатори видот на помошта потребно е да ја најават во Црвен крст Охрид на еден од телефоните 046 261-909 или 070 315-309, од каде ќе добијат насоки за доставување, информираат од Црвениот крст од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива