Струга, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 21-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– На 9-ти мај 2023 година, на улицата „Нико Нестор“ во Струга од страна на полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 65