Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотрес од 3,8 степени во Преспа, почувствуван и во Охрид и Струга

Охрид, 12. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почувствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен и Битола.

Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука